Пресврт на пазарот на паметни телефони – пад на продажбата

26

Продажбата на паметни телефони минатата година падна за скоро 9%, како резултат на економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Според податоците на истражувачката куќа Digitimes Research, најостриот пад на нарачките за паметни телефони е забележан во првиот квартал на 2020 година, кога набавката на телефоните падна за една петтина.

Лоши резултати беа забележани и во текот на вториот квартал, но тој пад постепено ослабна, а во четвртиот квартал пазарот на паметни телефони започна да закрепнува.

Во 2020 година се продадени вкупно 1,24 милијарди нови уреди, што е за 8,8% помалку отколку во 2019 година. Единствениот сегмент што забележа раст на побарувачката на пазарот беа 5G телефоните. Единствените компании за чии уреди порасна побарувачката беа Apple и Xiaomi. Нивните ривали Samsung и Huawei имаа двоцифрен пад на продажбата.

Фото: Pixabay