Претприемачи од Македонија на отворањето на ЦЕЕД Молдавија

26

3Центарот за Развој на Претприемачи и Менаџери (ЦЕЕД), со промотивен настан вчера отвори центар во Кишенев, Молдавија. Центарот е отворен со поддршка на фондацијата Агридиус.

На отворањето присуствуваа и претприемачи од Македонија, ментори и учесници во Top Class програмите на ЦЕЕД. Сашо Јовановски, директорот на Даталаб МК и Анита Христова од Христови инженеринг говореа за своето позитивно искуство со ЦЕЕД Македонија и ги споделија знаењата со тамошните ментори.

Со отворањето на Центарот во Кишенев, ЦЕЕД Молдавија стана дел од интернационалната мрежа со канцеларии во Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Бангладеш, САД.