Во рамки на регионалниот проект за женско претприемништво, во Сараево од 09.11 до 11.11.2014 година се одржа регионална стратешка конфереција и работилница на тема: Перспективите на женското претприемништво 2015 – 2020 година.
На конференицијата учествуваа преставници од Владата на Босна и Херцеговина и жени претприемачи од девет земји кои се вклучени во овој проект. Претставници на Македонија на овој настан беа Анета Антова Пешева, генерална директорка на Унет и претседател на Inner Wheel Club Скопје и Валентина Дисоска, претседател на здружението на бизнис жени на Македонија.
“Овој тип на конференции е вистинското место за лоцирање на проблемите и размена на нашите локални искуства. Сите ние треба да сфатиме дека треба да соработуваме како еден економски пазар и мојот личен впечаток е дека само жените од овој регион можат да го насочат развојот на работите во тој правец. Само така ќе можеме да го прошириме нашиот бизнис и да освоиме нови пазари“, истакна во својот говор Анета Антова Пешева, генерална директорка на Унет и претседател на Inner Wheel Club Скопје.
Носители на проектот се светските организации GTF, SEECEL и RCC. Здружението на бизнис жени е единствениот имплентатот за Македонија, кое во соработка со останатите организации и институции делува на барање на женското претприемништво во земјата. Вклучувањето на Македонија во овие проекти ја зголемува колаборацијата и можноста за остварување на економската соработка во регионот.
На конференцијата главна тема беа стратешките размислување поврзани со иднината на женското претпримништво.