Претседателката на Doğan Holding прогласена за бизнис жена на годината во Турција

42

dogan holding

Претседателката на Doğan Holding, Бегумхан Доган Фаралјали, ја доби наградата бизнис жена на годината на Босфор бизнис наградите во Турција, пишува Хуријет.

“Главниот извор на вашите соништа не треба да биде вашата мајка, татко, професор или соседи, туку вие самите. Пронајдете го семето во вас, посадете го и тоа ќе порасне“, изјави таа на церемонијата на доделување на наградите.

Doğan Holding е еден од најголемите индустриски конгломерати во Турција, којшто работи во повеќе сектори: енергетика, медиуми, индустрија, трговија, осигурување и туризам.