Претседателот на SEC ги спореди стабилните монети со покер чипови

31

Во неодамнешното интервју со колумнистот на „Вашингтон пост“, Дејвид Игнатиус, претседателот на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), Гери Генслер, ги спореди стабилните монети со покер чипови.

„Стабилните монети се скоро идентични со покер чиповите во казино во моментот“, посочи тој.

Тој повтори дека криптовалутите поврзани со фиат парите може да имаат некои карактеристики на инвестициски договори.

Генслер рече дека безбедносните правила и даваат на агенцијата „голем авторитет“ над криптовалутите. Тој, исто така, сугерираше дека може да има соработка со Комисијата за тргување со стокови фјучерси, но истакна дека многу малку криптовалути може да се класифицираат како „комодити“ (термин во економијата што значи стока која е во побарувачка, но испорачана без квалитативна диференцијација на пазарот – н.з.).

„Некои од овие токени, мал дел од нив, имаат повеќе „комодити“ атрибути“, истакна тој.

Новите технологии кои претставуваат закана за елитата се „добра работа“, според Генслер.

Тој ги пофали крипто-средствата (особено Биткоин) дека се „катализатор за промени“ и ги предизвикува централните банки и традиционалните финансиски институции.

Шефот на регулаторот за хартии од вредност, исто така, рече дека просторот за криптовалути е полн со „измама и злоупотреба“ и затоа има потреба од поголема заштита.

„Мора да обезбедиме заштита на инвеститорите и потрошувачите; ова го прави агенцијата како нашата“, заврши Генслер.