Претседателот на Светска банка се повлекува од функцијата

14

Фото: Facebook

Претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким, најави дека се повлекува по шест години поминати на чело на оваа финансиска институција, стои во официјалното соопштение.

“Ми беше голема чест да бидам претседател на оваа извонредна институција, полна со поединци посветени на мисијата да се стави крај на сиромаштијата во нашиот живот. Работата во Светска банка е поважна од кога било бидејќи бројот на сиромашни се зголемува насекаде во светот, а проблемите како што се климатските примени, пандемии, гладта и бегалците продолжуваат да се зголемуваат. Служејќи како претседател и работејќи на таа позиција беше голема привилегија да се биде во средина на сите овие ризици“, изјави Ким.

Неговата оставка стапува на сила од први февруари.

Мандатот на 59-годишниот Ким требаше да трае до 2022 година, откако во 2017 година беше реизбран за претседател на Светска банка.