
Живееме во свет на алармантни предизвици, во време кога поларизацијата и екстремите стануваат се посилни, изјави денеска претседателот на Светска банка (СБ) Аџејј Банга на годишниот состанок на СБ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Маракеш.
Тој изјави дека економскиот раст во повеќето земји во развој забавува.
За две децении, растот на БДП во овие земји падна на пет проценти, а веројатно ќе се намали дополнително на само четири проценти во следните седум години.











