Претседателот на Volkswagen поднесе оставка

21

martin vinterkorn

Претседателот на германскиот производител на автомобили Volkswagen, Мартин Винтеркорн, вчера поднесе оставка, пишува Reuters.

Оставката следи по притисоците од големата афера со лажниот софтвер за проверка на емисијата на штетни гасови кај дизел возилата, откриена од страна на Американската агенција за заштита на животната средина.

“На Volkswagen му е потребен нов почеток, исто така и во однос на персоналот. Го ослободувам патот за овој нов почеток со мојата оставка“, изјави Винтеркорн.

Претседателот на Porsche, Матијас Милер, директорот на Audi, Руперт Стедлер и одговорниот за VW брендот, Херберт Диес, се сметаат за главни фаворити што би можеле да го заменат Винтеркорн. Милер се смета за најголем фаворит поради неговото долгогодишно искуство во рамки на Групацијата.

Винтеркорн на чело на најголемиот германски производител на автомобили беше осум години, за коишто продажбата беше двојно, а остварените профити тројно зголемени.