Претставена најдолгата супербрза железничка линија во светот

24

Во текот на оваа недела Кина ќе ја пушти најдолгата линија на супербрзата железница во светот, која ги поврзува Пекинг и Кантон.

Линијата е долга 2.298 километри. Патувањето од Пекинг до Кантон по оваа линија од 22 часа ќе се намали на само осум часа. Возот ќе се движи со 300 километри на час, а ќе има 35 станици.

Некои делови веќе се во употреба, но целосно ќе биде пуштена во среда, на 26 декември, родниот датум на Мао Це Тунг. Меѓутоа, властите брзаа со пуштањето на оваа линија и поради претстојниот празник, кинеската Нова година (23 јануари), кога стотини милиони Кинези патуваат кај своите роднини и пријатели.