Претставена новата банкнота од 10 евра

26

evro

Банкнотите на еврото ќе останат хартиени, соопшти вчера Европската централна банка (EЦБ), при претставувањето на новата банкнота од 10 евра.

ЕЦБ и натаму ќе продолжи да ги изработува банкнотите за еврото од хартија, на база на памук, и покрај плановите на Велика Британија од 2016 година да премине на пластични банкноти. Банката смета дека оваа опција е најисплатлива, која ги балансира трошоците и безбедноста.

Новите банкноти ќе имаат заштитен слој кој ќе го продолжува векот на траењето. Ќе има воден печат и холограм со портретот на божицата Европа, поради што ќе биде многу тешко да се фалсификуваат. Според ЕЦБ, најмногу се фалсификуваат банкнотите од 20 и 50 евра, кои сочинуваат три четвртини од фалсификатите.

Ова е втора банкнота од серијата Европа. Во мај минатата година беше пуштена во промет нова банкнота од пет евра. Новата банкнота од 10 евра ќе биде пуштена во оптек на 23 септември.

evro 1