Претставување на акцелераторската програма Impact Growth во Ceed Hub Skopje

19

impact

Европскиот акцелератор Impact ја претставува новата акцелераторска програма Impact Growth, предводена од ISDI, со фонд од 3,6 милиони евра и крајна цел да се пронајдат четирите најдобри стартапи од Европа.

Во првата фаза од програмата, Impact Growth ќе финансира 28 стартапи со 100.000 евра.

За претставување на оваа програма на претприемачите и старт – ап заедницата, на  трети овој месец со почеток од 17 часот, ќе биде организирана информативна сесија во Ceed Hub Skopje. Игор Христов, соосновач на Fueloyal, ќе информира за програмата и на кој начин ќе се применува.

Сите заинтересирани за акцелераторската програма Impact Growth ќе може да аплицираат до деветти мај оваа година.