Приоритетите на претседавањето на Македонија со ЦЕФТА во текот на оваа година ќе бидат претставени пред претставниците на деловните здруженија.
Директорот на ЦЕФТА Секретаријатот, Рената Витез, ќе ги претстави главните елементи на Стратегијата на ЈИЕ 2020 и тековните активности на ЦЕФТА на меѓународен план.
Целта на презентациите е бизнис заедницата да се запознае со актуелностите во врска со спроведувањето на Договорот и можните бенефити што ги очекуваат со исполнувањето на обврските и роковите.