Преземање на иницијатива

4

foot-3082913_960_720
Фото: Pixabay

Сè помалку и помалку има јунаци кои ќе преземат некаква иницијатива за да се започне некоја работа, а камоли и да се заврши. Цело време се вадиме на тоа дека се нема мотивација, се нема елан, се нема желба…

Но, ако е тоа навистина така  на работа, тогаш се нема и иницијатива за преземање и за решавање на работи и во приватниот живот! Е, тоа не иде така! Не може да се има иницијатива за дома, а на работа не! И на двете места, мора нешто да ве мотивира нешто за да преземете иницијатива.

Освен што е мотивот до нас самите, се работи и за самата иницијатива. Некако сме западнати во некоја апатија и на секое едно размислување за некаква инцијатива, а не пак акција, веднаш се откажуваме:

  • Имајте ја во глава целосната слика, но намалете ги чекорите до неа. Немојте да правите големи чекори кои понекогаш можат да бидат и тешко остварливи. Чекорете чекор по чекор…
  • Знајте ги вашите лимити и не дозволувајте да одите над нив. Не дозволувајте да се исцрпите, треба уште многу чекори да изодите.
  • Намалете ги или тотално отстранете ги сите работи што ви го одвлекуваат вниманието. Ако успеете да ги отстраните, пишете ми, баш сакам да знам како сте успеале. За нивното намалување, имаме напишано неколку совета.
  • Немојте да се срамите да побарате помош, па дури и иницијативата ја презеде некој и до крај да ја истера. Не е сè до заслугите, но убаво би било да бидете споменати. Но тоа дури и не е најважно, најважно е да се стигне до целта и да се оствари до крај.
  • Консултирајте се со соработниците, пријателите, фамилијата и бидете отворени за сугестии и нови идеи. Бидете активен слушател и подготвени за промени.
  • Немојте да ја лимитирате иницијативата со време, но сепак имајте тесна временска рамка. Но, ако дозволите да се одолговлечи, нормално е да се демотивирате.

Пробајте да бидете позитивни (барем во тој период) и верувајте во себеси. Знам дека ова можеби звучи патетично, но поврзано со она погоре напишано и вербата кон себе, но и кон другите, вербата е навистина потребна. Околу себе ќе имате многу луѓе кои нема да ве поддржуваат, но доколку во себе имате верба и позитивни мисли, многу е веројатно дека ќе успеете.

Со успех во промените!