Презентација на дизајн решенија во Сули Ан

30

Студентите од Машинскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и швајцарскиот Универзитет за уметности од Цирих (Zurich University of the Arts), организираат презентација на дизајн решенија.

Презентацијата ќе се организира во просториите на Сули Ан (во Старата скопска чаршија) на 10.06.2016 година со почеток во 19:45 часот.

Настанот ќе го отвори Катарина Штокер, заменик директор за соработка во Швајцарската амбасада и професор Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет во Скопје.

Изминатиов месец, 48 студенти на Машинскиот факултет од Скопје и Универзитетот за уметности од Цирих заеднички работеа на развој на студентски проекти во областа на економијата, културата и општествената иновација со користење на креативни методи. Студентските проекти насловени Нова интерпретација на македонската традиција, Брeнд за природна македонска храна, Концепт за областа Маврово и Урбан центар за креативност и одржливост нудат решенија на дизајн со општествено и економски влијание.