Презентација на инструментот за кофинансирање грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации

47

Во рамки на активностите за претставување на можноста за кофинансирање на иновации во износ до 30.000 евра, во Охрид утре ќе се одржи првиот од серијата информативни настани што ќе ги одржи Фондот за иновации и технолошки развој низ повеќе градови во земјата, пишува Миа.

Станува збор за активности во рамки на повикот што Фондот го објави на 18 февруари за кофинансирање на грантови за старт – ап, спин – оф трговски друштва и иновации, а чиј рок завршува на 18 идниот месец.

Самиот инструмент е наменет за финансирање микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Македонија, коишто постојат најмногу шест години, а целта е поттикнување на иновативноста кај претпријатијата и поддршка за воведување иновативни решенија кај претпријатија што поседуваат висок потенцијал за раст.

Инфо сесиите се наменети да придонесат кон формулирање на квалитетни предлог – проекти и да им помогнат на сите заинтересирани да ја искористат можноста со помош на финансиската поддршка од Фондот да ги развијат своите иновативни идеи во успешни бизниси. Повеќе информации за можностите за финансирање што ги нуди Фондот за иновации и технолошки развој можат да се најдат на нивната веб-страница www.fitr.mk.