Презентација на најновите ИТ решенија на Неделата за јавен сектор

39

За време на Неделата за јавниот сектор, организирана од Министерството за информатичко општество и администрација и Мајкрософт Македонија, ќе бидат презентирани најновите ИТ решенија за јавниот сектор и решенија за владините служби.

За време на дискусиите ќе се разменат мислења и искуства и за сајбер безбедноста и дигиталниот криминал.

Свое обраќање на отворањето ќе имаат министерот за информатичко општество и адиминистрација Иво Ивановски и потпретседателот на Мајкрософт ЕМЕА за јавен сектор, Џо Макри.

Од страна на Мајкософт Македонија најавени се средби на Макри со претставници на македонската Влада на кои ќе биде понуден план за заедничко инвестирање во создавање на иновативен центар и потпишување на меморандум за реализација на програмите на Мајкрософт за поддршка на трансформацијата на образованието.