Презентaција на проектот Развој и реинженеринг на деловните процеси за новиот интегриран даночен ИТ систем

27

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, заедно со тимот кој работи на проектот Развој и реинженеринг на деловни процеси за новиот интегриран даночен ИТ систем, пред претставници на повеќе државни и јавни институции, како и правосудни органи, ги образложија целите на проектот, очекувањата и резултатите коишто ќе се постигнат прeку целосна имплементација на оваа значајна реформа.

“Станува збор за исклучително важен проект којшто е во насока на целосна модернизација и автоматизација на процесите во Управата за јавни приходи, како и приближување кон развиените даночни администрации. Реализацијата на овој проект ќе овозможи намалување на трошоците за наплата на даноците, како и подобри услуги кон даночните обврзници и кон трети страни. Идните деловни процеси поддржани од новиот ИТ систем, се поставени како сервис за даночните обврзници, институции и други засегнати страни. Преку минимална интеракција со обврзниците, овие деловни процеси ќе овозможат максимална наплата на даноците и намалување на сивата економија”, рече директорката на УЈП, Лукаревска.

Претставниците на државните и јавни институции, како и на правосудните органи кои беа присутни на презентацијата го изразија своето задоволство од новата реформа, како и подготвеност за соработка.

Проектот Развој и реинженеринг на деловни процеси за новиот интегриран даночен ИТ систем, којшто е ИПА проект УЈП го започна на први ноември 2017 година.