Презентација на Синпекс на најновите достигнувања во светот на земјоделската механизација

194

sinpeks

Синпекс, компанија од Битола која на македонскиот пазар работи веќе 25 години, најавува уште една од многуте досегашни организирани презентации, за најновите достигнувања во светот на земјоделската механизација. Презентацијата ќе се одржи утре (среда, 17.06.2015 година), на Стопанскиот аеродром Бониер (с. Пеширево), на влезот во Свети Николе, со почеток во 11 часот.

Синпекс ќе ги презентира светски најбараните и најквалитетни брендови за трактори и земјоделска механизација John Deere, IrTem i Inlu, за кои всушност е единствен, генерален и ексклузивен застапник за Р. Македонија.
Синпекс во своето долгогодишно постоење, секогаш прв ги носи светските земјоделски трендови со најквалитетни брендови!

Синпекс започна како компанија која продава трактори и приклучна земјоделска механизација, а денес во овој сектор остварува околу 60% од вкупниот промет, најмногу поради врвните брендови што ги застапуваат – John Deere, Tafe, DeLaval… Во својата понуда имаат и парковска и шумарска опрема од врвните Husqvarna, Gardena, Tomos, како и градежна опрема на брендовите Liebherr, Wacker и Husqvarna Construction.

Неодамна Синпекс отвори уште еден продажен салон во западниот дел на Македонија, во Струга – Мислешево, а веќе успешно функционираат продажните салони во Битола, Скопје и Струмица.