Презентација на стратегиска рамка за подобра бизнис клима

36

Бизнис конфедерацијата на Македонија и Организацијата на работодавачи денес ќе презентираат стратегиска рамка за подобра бизнис клима во Македонија.

Како што соопштија, документот се базира на претходно истражување, во изминатите пет месеци, со поддршка на Меѓународната организација на трудот.

Стратегиската рамка ги идентификува клучните и актуелни подрачја кои ја ограничуваат поволната деловна клима, подобрување на правната и регулативната средина, владеење на правото и право на сопственост, пристап до финансиски услуги, лојална конкуренција и претприемачка култура.