Презентација на вино, маслиново масло и храна од Италија

54

Вино, маслиново масло и прехранбени производи од девет италијански компании од сите региони во Италија, кои сè уште не се застапени на македонскиот пазар, ќе бидат претставени денеска во музејот Порта Македонија во Скопје, од 15 до 19 часот.

Промоцијата и дегустацијата на овие италијански производи ја организира Одделот за промоција на економската соработка при Амбасадата на Италија – ИЧЕ, а се одржува вторпат во рамки на Italia festival 2015.

Целта на иницијативата е да се остварат средби помеѓу италијанските производители и македонските увозници и дистрибутери на кои ќе се разгледаат можностите за понатамошна соработка.

На настанот ќе гостува и меѓународниот вински судија, Ивана Симјановска, која ќе ги презентира италијанските вина и ќе одговара на прашања на присутните.