Презентирана програмата Еразмус плус пред корисниците на Фондот за иновации

20

fitr-i-nacionalna-agencija-2

Програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт Еразмус плус, имплементирана преку Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, со фокус на Клучна акција 2- Соработка за иновација и размена на добри практики на корисниците на грантови на Фондот за иновации и технолошки развој, беше презентирана денеска во Скопје.

“Целта на презентацијата на програмата Еразмус плус беше да се запознаат корисниците со можностите за соработка со други организации или високообразовни и научни институции, со цел поднесување на проект апликации за Клучната акција 2 и мобилизација на дополнителни финансиски средства. Клучната акција 2 предвидува проекти што се фокусираат на секторска и меѓусекторска соработка, проекти што се однесуваат на работа со индустрија, билатерални и мултилатерални партнерства и воведување на иновативни активности“, стои во соопштението

На презентацијата беа презентирани и останатите клучни акции кои се дел од Еразмус плус.