При крај откупот на тутун во Пијанечко-малешевскиот регион

46

На подрачјето од Пијанец и Малеш откупот на тутун од минатогодишната реколта е во завршна фаза. Компаниите Далија-табак од Делчево и Соко-та од Битола од тутунопроизводителите во општините Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово до сега имаат откупено над 120 тони тутун.
“На ова подрачје беа застапени сортите прилеп и басмак. Поради сушното лето приносите по единица површина се под очекуваните, но квалитетот на тутунот е на мошне високо ниво”, рече раководителот на Сокотаб, Георги Манчев.
Просечната заработувачка на тутунарите се движи од 1.000 до 1.500 евра, а просекот на откупната цена за сортата прилеп изнесува 170, а додека пак за сортата басмак 200 денари за килограм.
Според најавите од Далија-табак откупот на тутун од реколтата 2013 година, во Пијанечко-малешевскиот крај ќе заврши заклучно со 15 февруари оваа година.