Прибор за јадење од семки од авокадо

38

Фото: Pixabay

Мексиканската компанија Biofase создаде биоразградлив прибор за јадење и цевки од семка од авокадо, што може да се разградат за 240 дена. Доколку се чува на суво место, приборот може да се употребува цела година. По тој период почнува самостојно да се разградува, без да остави штете отпад зад себе.

Патентираната мешавина од којашто е изработен приборот содржи 100% биополимер од семки од авокадо и други биоразградливи состојки.

Во Мексико се произведува 50% од вкупното производство на авокадо во светот, па жителите на оваа земја се обидуваат да најдат начин да ги искористат остатоците од авокадото.

Biofase дневно употребува 15 тони семки од авокадо.