Причини поради коишто продажбата може да пропадне

28

tabla

Фото: Pixabay

Најфрустрирачки чувства во продажбата се неуспехот да се постигне договор и кога не знаете каде сте погрешиле.

Се поставува прашањето зошто кога се губи ја “обвинувате“ цената, а кога ќе победите се наведуваат други причини, освен цена? Одговорот е дека цената не влијаела на продажбата. Продажбата не е остварена бидејќи не сте создале доволно вредност за да го склучите договорот, односно не сте му помогнале на вашиот клиент да ја доживее разликата.

Секако дека постојат клиенти кои едноставно се управувани од цената и тие ќе купат само опција со најниска цена, бидејќи таа е единствениот начин на кој тие ја мерат вредноста. Но, тоа се мал број на купувачи. Повеќето купувачи знаат дека најевтиното и најдоброто не одат заедно.

Во продолжени прочитајте неколку причини зошто не сте оствариле продажба.

Не додавате вредност

Го губите договорот кога не создавате вредност преку процесот на продажба. Потребно е да следат барањата на купувачот. Користете ја секоја интеракција што ја имате со клиентот за да создадете вредност. Разберете ги нивните потреби и бидете нивен советник.

Не правите разлика

Ги губите договорите кога не ја разликувате понудата. Ако вашето решение чини повеќе, тогаш веројатно обезбедува подобар резултат. За вашите клиенти да ја согледаат таа разлика мора да објасните како инвестицијата што ќе ја направат со плаќање повеќе ќе се претвори во подобри резултати. И уште поважно, мора да им помогнете да разберат како инвестирањето помалку ги спречува да произведат подобри резултати

Не развивате односи

Не може да остварувате зделки ако не градите односи со контакти кои работат во компании. Луѓето купуваат од луѓе кои во кои имаат доверба и недостатокот на овие нематеријални средства, овие чувства, е еден од најбрзите начини да се изгуби продажбата.