Приходите на данскиот бродски гигант драстично паднаа

25

Данскатабродска компанија Moller-Maersk  денеска извести за прад на приходите и добивката.

Од јануари до март, приходите на Maersk се намалија за 13,1 отсто на 12,36 милијарди долари, што е одраз на остриот пад во одделот за превоз.

Заработката пред камати и даноци речиси се стопи, на само 177 милиони долари. Во истиот период лани таа изнесуваше 2,33 милијарди долари.

Побарувачката за контејнерски транспорт е зголемена во првиот квартал за седум до девет отсто, проценува данската компанија и нагласуваат силен раст во Северна Америка, Латинска Америка и Океанија.

Кина, пак, се истакна со раст на извозот од околу 16 отсто, велат тие.