Приходите од продажбата на Porsche скокнале за речиси 30 отсто

8

Германскиот производител на спортски автомобили Порше соопшти дека продажбата во првиот квартал се зголемила за 25,5 отсто на 10,10 милијарди евра, во споредба со 8,04 милијарди евра една година порано.

Оперативната добивка во првиот квартал се зголеми на 1,84 милијарди евра од минатогодишните 1,47 милијарди евра, пренесува SeeBiz повикувајќи се на ДПА.

Porsche, во кој Volkswagen Group со седиште во Волфсбург има мнозински удел, рече дека испораките на клиентите во првиот квартал пораснале за 18 отсто на годишно ниво, на 80.767.

Коментирајќи ги резултатите, заменик-претседателот на Извршниот одбор и член на одборот за финансии и ИТ во компанијата, Луц Мешке, истакна дека значителниот раст е резултат на бројни фактори како што се поголемата продажба на Групацијата, продолжувањето на позитивни цени и перформанси.

Тој нагласи дека ја задржуваат својата позиција со тоа што ја водат напред стратегијата на модерен луксуз, во интерес на своите клиенти.