Приходите од Суецкиот канал се намалени за половина

20

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека приходите од Суецкиот канал се намалени за половина оваа година поради влијанието на нападите на Хутите врз поморството.

Зборувајќи за ефектот од војната меѓу Израел и Хамас и другите прекугранични триења што ги предизвика конфликтот, Ал Сиси рече дека „Cуецкиот канал, кој на Египет му носеше речиси 10 милијарди годишно“, сега е co намален приход за 40 до 50 проценти и Египет мора да продолжи да ги исполнува своите финансиски обврски со „компаниите и партнерите“, пренесува Teletrader.

Тој зборуваше за тоа за време на конференцијата со нафтените компании на Египетскиот енергетски саем (EGYPES) ​​2024 година, кој се одржува во Каиро и ќе трае до среда.