Приклучете се во новата студиска програма на втор циклус студии – Стратегиски менаџмент на човечки ресурси при Економскиот факултет – Скопје

104

ekonomski

Пријавувањето во нова студиска програма на втор циклус студии – Стратегиски менаџмент на човечки ресурси при Економскиот факултет – Скопје е во тек. Целта на програмата е студентите да бидат способни да ја унапредуваат својата професија, да можат на иновативен и претприемнички начин да придонесат за развој на својата работна средина и бизнис окружување, да ги применуваат принципите на ефикасност и етичност во своето делување и односи со вработените и да бидат способни и отворени за прифаќање и брзо приспособување на организациските промени кои ги наметнува денешното глобализирано и динамично работење.

Студиската програма е дизајнирана по примерот на студиските програми на најреномираните европски и светски универзитети. Ориентирана е кон стратегиските и меѓународните аспекти на управувањето на вработените во компаниите и во јавните институции, а наставата е базирана на најновите научни достигнувања и теоретски концепти. Програмата овозможува примена на најсовремени методи за изведување на проектно-ориентирана интерактивна настава со анализа на студии на случај и примери од практиката на светски успешните компании, реномирани професори од областа на организациските науки и подрачјето на менаџментот на човечки ресурси, ангажирање на експерти и професионалци во областа на менаџментот на човечки ресурси од земјата и странство, соработка со професионални асоцијации од областа на човечките ресурси.

Со Програмата, кандидатите се оспособуваат за следните работни места:

  • Менаџери или професионалци вработени во одделите за човечки ресурси во приватните компании;
    • Претприемачи и линиски менаџери кои според описот на работните задачи се задолжени и за менаџмент на човечки ресурси;
    • Директори, раководители или службеници одговорни за менаџментот на човечки ресурси во државни институции, државни агенции, во општините и во сите оние институции во кои се извршуваат некои од основните МЧР функции како вработување, обука и развој и односи со вработените;
    • Вработени во агенции за посредување при вработување, центри за обука и кариера, консултантски куќи;
    • Вработени во образовни институции како предавачи или истражувачи во оваа област.
    Услови за запишување
    Услов за запишување претставува завршен прв циклус студии со времетраење од 8 семестари или најмалку 240 кредити за едногодишните студии или 6 семестари или најмалку 180 кредити за двегодишните студии.

Начин на финансирање

Студиите се врз база на самофинансирање од страна на студентите. Цената на еден семестар е 500 евра во денарска противвредност (2 х 500 евра). Вредноста на пријавата за испит е 25 евра во денарска противвредност. Одбраната на магистерскиот труд е 1.000 евра во денарска противвредност.
Документи за пријавување

  1. Пријавен лист за конкурирање на втор циклус на студии на УКИМ;
    2. Електронска пријава-интернет пријавен лист (од iKnow системот);
    3. Документ за завршен прв циклус студии-диплома или уверение (оригинал или заверен на нотар);
    4. Кратка биографија (CV);
    5. Потврда за активно познавање странски јазик (оригинал или заверена на нотар);
    6. Препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
    7. Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
    8. Документ за евентуални награди, признанија и други документи;
    9. Извод од матичната книга на родените (оригинал , без разлика на датумот на издавање);
    10. Уверение за државјанство на РМ (уверение или решение-оригинал, без разлика на датумот на издавање).

Реализација на наставата

Студиската програма Стратегиски менаџмент на човечки ресурси се организирани во една студиска година, односно во два семестари.
Структурата на предметите е следна:
4 задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестари на студирање (максимум 60% од вкупниот број предвидени предмети)
2 изборни предмети утврдени со студиската програма според семестари на студирање (30% од вкупниот број предвидени изборни предмети од листата на Економски факултет – Скопје)
1 изборен предмет (10% од вкупниот број предвидени предмети) од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје
Во првиот семестар се слушаат и полагаат три задолжителни предмети и два изборни предмети од кои еден се бира од Листата на слободни изборни предмети за втор циклус на студии од Економски факултет-Скопје и еден изборен предмет се бира од Универзитетската листа на слободни изборни предмети за втор циклус на предмети. Вториот семестар се состои од еден задолжителен предмет и еден изборен предмет кој се бира од Листата на слободни изборни предмети за втор циклус на студии од Економски факултет-Скопје. Во вториот семестар, покрај слушањето на предметите, студентите ги извршуваат и активностите за подготовка на магистерските тези и работа на магистерскиот труд.

Важни датуми

Пријавување на кандидати:
14 септември – 09 октомври 2015
Запишување на кандидати:
21 – 22 октомври 2015
Почеток на наставата
6 ноември 2015
Изведување на наставата
Петок 16:00-20:00 часот
Сабота 9:00-13:00 часот
Детални информации за условите за запишување, потребната документација, организацијата и временскиот распоред на студиите, заинтересираните кандидати може да ги добијат на следниов линк: http://www.eccf.ukim.edu.mk/Programmes/61/2
или на: Студентски прашања (02) 3286-829

Контакт

Раководител на студиумот
Доц. д-р Љупчо Ефтимов
[email protected] (02) 3286-875
Секретар на студиумот
Доц. д-р Стојан Дебарлиев
[email protected] (02) 3286-916

Повеќе информации можете да најдете и на следиот линк: https://www.facebook.com/events/513683592141077/