Прилепска Пиварница ја организираше втората Академија за пиво

22

prilepska

Со организирање на втората Академија за пиво, Прилепска Пиварница ја продолжува својата мисија за едукација за карактеристиките на пивото и влијанието на состојките врз вкусот на пивото. И овој пат, предавач на Академијата беше врвниот пивски сомелиер д-р Михаел Зепф.

„Целта на Академијата е едукација за пивото како пијалак во кој се ужива, така што со новостекнатите знаења, пивопијците ќе си овозможат само поголемо задоволство. Познавајќи го процесот на создавање на пивото, изборот на состојки од кои е направено како и препознавањето која од состојките доминира, може да се одреди квалитетот на пивото, а со тоа и здравствените бенефити кога се консумира одговорно. Нас посебно не радува фактот што во предавањето на д-р Зепф заедно со интернационалните пива, чии карактеристики се дискутираа, беше и нашиот Златен Даб, што само по себе говори за третманот што го имаме во светски рамки“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален менаџер на Прилепска Пиварница.

Како се подготвува пивото, кои и какви се сетилните карактеристики, различните интернационални стилови на пиво, беа темите на повеќекратните сесии на втората Академија за пиво. Во откривањето на тајните на пивото, присутните имаа можност и за споредба на различни пива преку дегустации дополнети со дискусии под менторство на д-р Зепф.

„Светот на пивото е премногу богат и раскошен, има толку различни видови, вкусови и стилови на пиво што навистина е потребно знаење за да го препознаете вистинскиот квалитет. Откривањето на квалитетот на пивото првостепено се прави врз основа на пената, бојата и вкусот, следно е откривање на хармоничноста и балансот на вкусот и на крај, степенот на свежина што ја добивате од пивото. Тоа се трите најбитни фактори при изборот на совршено пиво“, изјави пивскиот експерт Михаел Зепф, предавач на Академијата.

Втората Академија за пиво заврши со доделување на сертификати за сите присутни.