Прилепска пиварница со добивка од 20 милиони денари во 2019 година

100

Прилепска пиварница прикажа вкупна сеопфатна добивка од 20.022.000 денари, покажува билансот на успех за 2019-та година.

Една година претходно, добивката на компанијата достигна вредност од 107.850.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември, достигнаа ниво од 1.879.601.000 денари. Поголемиот дел од 1.857.300.000 денари е остварен на домашен пазар, а остатокот од 22.301.000 денари е реализиран на странски пазари.

Фото: Pexels