Принцот Хари станува шеф во старт – ап за персонализирана психолошка помош

35

Принцот Хари стана дел од компанијата Better Up, којашто преку свои платформи нуди персонализирана психолошка помош и таканаречени life coaching услуги.

Триесет и шестгодишниот Хари сега станува дел од американскиот старт – ап, преку медиумите потврди дека ја прифатил понудат и се надева дека и самиот ќе им помогне на луѓето, баш како што оваа платформа него му помогнала во изминатите неколку месеци.

Хари и претходно зборувал дека сака се занимава со проблематика поврзана со психологија иако тоа не му е професионална определба.

Better Up е технолошки старт – ап основа во 2013 година, а преку мобилна апликација нуди најразлични услуги што се однесуваат на таканаречениот коучинг, советување, како и менторски програми. Неговите услуги ги користат над 300 компании, вклучувајќи ги и Chevron, Snap, AT&T и многу други.

Хари и неговата сопруга Меган неодамна ја разбрануваа јавноста по интервјуто со Опра Винфри, во коешто, меѓу другото, откриваат дека кралското семејство на почетокот на минатата година ги оставило без било каква финансиска поддршка, принудувајќи ги да се согласат и да потпишат повеќемилионски договор со Spotify и Netflix.

Фото: Facebook