Прирачникот за првиот лет на Месечината се проценува на вредност од 9 милиони долари

32

Прирачникот којшто беше употребен од страна на американските астронаути Нил Армстронг и Баз Олдрин за време на нивниот историски лет на Месечината оди на аукција.

Според њујоркшката аукциска куќа Christie’s неговата вредност се очекува да достигне 9 милиони долари, пишува Reuters.

Во него детално, на 44 страници е објаснет секој чекор што астронаутите требало да го направат за време на летот со Аполо 11 во 1969 година. Покрај техничките податоци прирачникот вклучува и цртежи и речиси 150 забелешки запишани во реално време од страна на Армстронг и Олдрин.

Фактот дека нема видео и аудио запис од тоа што точно се случило во пилотската кабина на Орелот, (лунарното возило на Аполо 11) овој прирачник се смета за уникатен историски доказ. Тој исто така е првиот ракопис направен на друго небесно тело.

Предметот го продава неговиот сопственик, приватен колекционер кој го купил лично од Олдрин.

Аукцијата е закажана на 18 јули.

Фото: Christie’s