Природен лек против подуен стомак

1906

limon-nane-pixabay

Фото: Pixabay

Подуеноста во стомакот настанува како последица на дехидрираност и бавно варење на храната, а овој освежувачки витамински напиток е здрав, лесно се прави и е одличен против “нервозен стомак”.

За да го подговите потребно ќе ви биде тегла од три литри, два литри вода, лажичка рендан ѓумбир, една краставица, еден лимон и 12 листови свежо нане (или една лажичка сушено).

Најпрво исецкајте ја краставицата на тенки парчиња. Направете така и со лимонот и состојките ставете ги во теглата. Потоа ставете го свежо изренданиот ѓумбир и прелијте ги состојките со вода. Измешајте ги и оставете ги во фрижидер во текот на ноќта.

Наутро пијте една чаша по можност на празен стомак.