Високиот крвен притисок е ризик фактор кој не е проследен со некои посебни симптоми и токму затоа треба постојано да се контролира. Најдобар начин како тоа да се направи се секако природните лекови.
Еве неколку од нив.
Фото: Pexels
Три пати во денот треба да пиете чаша свежо исцеден сок од јаболка или портокал, или три пати дневно да конзумирате две лажици јаболков оцет разреден во чаша вода.
Исецкајте и сомелете пола килограм лимон и додадете 500 грама шеќер. Оставете да стои десет дена во стаклена тегла. Секое утро јадете по една лажица од мешавината на гладно.
Здробете чешне лук и ставете го во чаша алкохол да отстои 48 часа. Потоа секој ден ставајте по 20 капки од течноста во чај мешавина од маточина, жалфија и ангелика.
Ставете две изгмечени главици лук во чаша со 100 грама шеќер. Пијте два пати дневно по една лажица.
Во пола литар вода варете поголема главица лук 10 минути. Кога ќе се излади додадете сок од 2 – 3 лимони и ставете ја течноста во стаклено шише. Наутро на гладно испијте една мала чаша (од ракија).
Во литар вода варете пет грама сецкан плод од глог три минути. Процедената течност испијте ја во текот на денот.
Две лажици иситнети листови и корен од магдонос прелијте ги со два децилитри вода и варете десет минути. Процедете ја течноста и земајте три пати дневно по една лажица.
Лутата пиперка е едно од најдобрите средства за намалување на високиот притисок. Таа ги шири крвните садови и помага за нормализирање на протокот на крв. Со тоа се намалува притисокот на ѕидовите на артериите.
Искоритете ја оваа намирница така што ќе растворите една до две мали лажички лут пипер во топла вода и измешајте ја течноста со мед и алое вера. Ќе добиете многу моќен домашен лек против хипертензија.