Природниот прираст во последното тримесечје од 2017 е 504 лица

22

pedestrians-400811_960_720Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 2,3% и изнесува 5.352 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2017 година бележи намалување од 12,6% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4.848 лица, а од нив 36 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 504 лица, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во ова тримесечје од 2017 година бројот на склучените бракови е 3.119, што претставува зголемување за 6,9% во споредба со истиот период од 2016 година.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 590, што претставува намалување од 9,8% во споредба со истиот период од 2016 година.