Пристигнува втората тура на вакцини од Србија

24

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Pfizer.
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека настанот ќе се одржи во 13:30 часот на меѓуграничниот премин на македонско-српската граница.

Се работи за преостанатите од договорените 8. 000 вакцини кои Србија ни ги отстапи од своите набавени количини, од кои делот како донација од 4. 680 дози веќе се користи во земјава

До вчера беа вакцинирани 1.274 здравствени работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.

За неделава е најавено и пристигнување на 200.000 вакцини од кинескиот производител Sinopharm, со кои треба да се забрза вакцинацијата.