Здравствено осигување имаат сите граѓани, независно дали се вработени или не, тие се осигурани. Здравственото осигурување ги покрива трошоците за медицинска нега. Регуларното здравствено осигурување ви ги покрива трошоците, кои ги имате во државните институции. Додека со приватното здравствено осигурување вие можете да изберете во која установа сакате да направите преглед, зафат или нешто ако ви е потребно. Привилегии кои ги нуди приватното здравствено осигурување се многубројни, ние би издвоиле пократко време на чекање, подобра здравствена опрема и побрза дијагноза.
Една од најважните придобивки е тоа што може да ви понуди пристап до специјализирани лекови и лекувања кои можеби не ги покрива Фондот за здравствено осигурување. Накратко целта е да се обезбеди удобност и сигурност.
Приватното здравствено осигурување е наменето за сите кои сакаат комплетна здравствена заштита и највисокa квалитетнa здравственa услугa за своите пари.
Не претставува никаков проблем доколку сте дел од државниот Фонд за здравство т.е доколку сте здравствено осигурани, можете слободно да ги користите и приватните болници и ординации, меѓутоа да го одбегнете трошокот најдобро е да извадите приватно здравствено осигурување кое ќе ги покрие вашите трошоци.
Пред секое склучување на полиса, не заборавајте убаво да се распрашате кај конкурентите и да ја одберете онаа која највеќе ви одговара. Во продолжение погледнете ги пакетите од приватно осигурување кои ги нудат македонските осигурителни друштва.
Еуролинк осигурување семеен пакет за приватно здравствено осигурување
Корисниците кои ги следат трендовите и сакаат да имаат подобар квалитет на животот, подобра здравствена заштита на своите деца, а при тоа да имаат контрола на семејниот буџет, го одбираат Семејното приватно здравствено осигурување на Еуролинк и ги користат бенефитите од истото. Најновиот продукт за приватно здравствено осигурување Семејно приватно здравствено осигурување на Еуролинк со којшто се овозможува здравствена заштита на целото семејство во најпознатите, најдобрите и најмодерните приватни здравствени установи во Република Македонија (Клиника Жан Митрев, Ремедика, Аџибадем Систина, Санте Плус, Систина Офталмологија, Плодност – Битола, Неуромедика, Специјалната очна болница Деница, ПЗУ Поликлиника Дента ЕС, ПЗУ Дентизар – Специјалистичка ординација по стоматолошка протетика, Стоматолошка ординација Круна МС, Медикал центар Промедика, Приватна здравствена установа-ординација за општа стоматологија и специјалистичка по орална хирургија Дентин – Скопје, Приватна здравствена установа д-р Благоевски, Приватна здравствена установа – специјалистичка ординација по ортодонција д-р Маргита Смилева, Болница Истанбул Медика – Тетово, Приватна здравствена установа – специјалистичка ординација по кардиологија Кардиологија прима – Скопје и др.) и во Европа, без ограничување и по избор на клиентот.
Продуктот се покажува како полн погодок за клиенти -младо семејство корисници на семејно приватно здравствено осигурување со три деца по две години разлика. Семејството го користи пакетот Перимум и ги лекува децата од вирози, настинки во приватна здравствена установа, а потоа ги рефундираат средствата во Еуролинк. Пример: во текот на осигурувањето на првото дете му дијагностицираат воспалени крајници и оперативно ги отстрануваат во приватна болница. Еуролинк прави директна исплата на средствата кон болницата за оперативниот зафат и болничкото лекување (во износ од околу 1.000 евра), а потоа за секој месечен контролен преглед средствата се рефундираат.
“Семејството е задоволно од здравствената грижа што ја имаат во приватните здравствени установи и од осигурувањето кое им ги покрива трошоците, со оглед на фактот дека само преглед на дете е околу 1.200 денари без брисеви, ЦРП или лабораториски услуги. Убедени сме дека долго ќе бидат наши клиенти”, вели Петар од Секторот за осигурување кој ја изработи полисата на младото семејство.