Привремено затворена една од најголемите фабрики на Nutella

52

Фото: Pixabay

Најголемата фабрика за производство на познатиот крем Nutella привремено е затворена поради проблеми со квалитетот, пишува Euronews.

Станува збор за фабрика сместена во северна Франција во којашто инспектори ги истражуваат причините за настанатиот проблем. Фабриката дневно произведува 600.000 теглички Nutella, што е една четвртина од светското производство.

Пакувањата, како што се наведува, што веќе се транспортираат не се зафатени од проблемот, а залихите на Nutella ќе бидат достапни.

Истрагата е во тек и ќе покаже која е точната причина, а дотогаш фабриката ќе биде затворена.