Проблеми за Кинезите: Eвропските пристаништа полни со непродадени возила

86

Илјадници увезени возила моментално се складирани во неколку европски поморски пристаништа, многу од нив од Кина.

Неколку производители на автомобили закупија големи површини во пристаништата за да увезуваат возила за кои моментално немаат купувачи. Логистичките компании изнајмуваат и дополнителни паркинг места надвор од пристаништето.

„Оваа ситуација моментално ги погодува сите европски пристаништа каде што пристигнуваат големи количини возила“, изјави за Automobilwoche Герт Икс, портпарол на белгиските пристаништа Антверпен и Зибриж.

Управата на пристаништата не даде конкретни бројки, но моментално е зафатена со значително повеќе возила отколку во 2020 и 2021 година, рече портпаролот во извештајот.

Проблемот не е само во тоа што нема купувачи. Имено, недостигаат камиони за превоз на автомобили и има премалку возачи.

Слабата продажба на нови (електрични) автомобили во Европа и понатаму е најголемиот виновник за трупањето на залихи. Планот на некои автомобилски компании да продаваат возила директно на клиентите, наместо преку дилери, исто така придонесува за метеж.