Проблемите на Блиски Исток – главоболка за авиокомпаниите

80

Авиокомпаниите поради пренасочување на летовите, односно одлуката да не летаат над Иран и Ирак, поради тензиите со Вашингтон, ќе мора да трошат повеќе гориво.

Компаниите Lufthansa, Air France, Singapore Airlines и Malaysia Airlines се меѓу првите кои ги пренасочија летовите, а независниот консултант за воздухопловство Џон Стрикленд вели дека избегнувањето на воздушниот простор на Ирак и Иран претставува дупла главоболка за авиокомпаниите, пренесува Reuters.

Тој истакнува дека поради тоа многу подолго ќе се патува и ќе имаат поголеми оперативни трошоци.

Основачот на OPSGROUP, којшто ги следи ризиците на воздушниот простор, Марк Зи оцени дека поради пренасочување патувањето од Европа во Азија ќе биде подолго за околу 40 минути.

Австралискиот Qantas Airways соопшти дека со ова ќе се продолжи летот од Перт до Лондон за 50 минути.

Врз основа на податоците на Flightradar24 и повратните информации на авиокомпаниите, Зи рече дека превозниците ги пренасочуваат летовите преку делови на Саудиска Арабија и Египет.

Американската сојузна воздухопловна администрација за забрани на американските компании да летаат над Иран, Оманскиот залив и водите помеѓу Иран и Саудиска Арабија поради зголемени воени активности и зголемени политички тензии на Блискиот Исток.

Фото: Pexels