Procter&Gamble ќе продава половина од своите брендови

18

p&g

Компанијата Procter&Gamble (P&G) планира да заштеди 10 милијарди долари до 2016 година и приоритетно да се посвети на големите пазари и на главните брендови во рамки на нејзиното портфолио. Најголемиот светски производител на стока за широка потрошувачка објави дека во следните две години ќе продаде дури половина од своите сегашни брендови што ќе резултира со намалување на бројот на работни места.

Извршниот директор на P&G, Боб Мекдоналд, ја нагласи потребата од преструктуирање на деловните процеси во компанијата за да може да остане конкурентна на пазарот. Во рамки на реструктуирањето P&G има за цел да биде водечка во иновациите, да ја подобри продуктивноста и да ги намали трошоците преку подобрување на ефикасноста на оперативниот процес. Овие промени се преземаат бидејќи компанијата ја препозна потребата за поефикасна организација на работењето со цел да се подобрат продажните резултати.

“Се наоѓаме во процес на изработка на потребните промени на нашата стратегија за раст која има за цел да го зголеми фокусот на нашето деловно работење за да постигнеме урамнотежен раст на различните пазари и категории на производи“, вели Мекдоналд.