Procter & Gamble, компанија со долга историја и уште поголем успех

171

story-earns-proctor-good-212077

Приказната за Procter & Gamble започнува со Вилијам Проктер, емигрант од Англија, кој станал познат изработувач на свеќи во Синсинати, Охајо, место каде цветала трговијата и индустријата во раниот 19 век. На сето ова се надоврзува и Џејмс Гембл, чирак на изработувач на сапуни, кој во САД доаѓа од Ирска.

Можеби целата приказна немаше да се случи доколку Вилијам и Џејмс не се оженеа за сестрите Оливија и Елизабет Норис, чиј татко Александар Норис, ги убеди своите зетовци, наместо да бидат конкуренција еден на друг, да станат бизнис партнери.

Така во далечната 1837 на 31 октомври се роди нова и смела компанија наречена според презимињата на двајцата основачи, Procter & Gamble.

william-procter-and-james-gamble

Проктер и Гембл заедничкиот бизнис го започнале со скромни средства, 7.192 долари, во време кога владееле општ хаос и депресија во земјата. Но, младата фирма сепак успеала да опстане. Синсинати се покажал како одлична база за ваков тип на бизнис, поради фактот што градот бил центар за преработка и пакување на месо, па можело без проблем да се најде сало и масло за изработка на сапуни и свеќи.

Најстариот син на Гембл, Џејмс Н. Гембл, го создаде сапунот Ivory, сапун што не потонува во вода, и ја основаше првата лабораторија во историјата на P&G во 1880.

Ivory-Floats

Најстариот син на Проктер, Вилијам А. Проктер е првиот претседател на P&G во 1890.

Синот на Џејмс Н. Гембл, Харли Т. беше првиот менаџер за рекламирање продажба. Тој го именуваше нивниот револуционарен сапун Ivory Soap.

Компанијата ја произведе првата паста за заби која содржи флуор, наречена Crest во 1955.

ikvqiPyhYiyI

Преземањето на Gillette од страна на P&G во 2005, придонесе таа да стане најголемата FMCG (Fast-Moving Consumer Goods) компанија, односно брзо-растечка компанија за широка потрошувачка, со што ја победи англо-холандската Unilever.

Оттогаш па наваму компанијата се повеќе го развива својот широк асортиман на производи кој вклучува: храна за миленичиња, средства за чистење, средства за лична хигиена. Пред да го продаде брендот чипсови Pringles на компанијата Kellogg, палетата на P&G производите вклучуваше храна и пијалоци.

PG_products

Некои од производите на компанијата се толку познати и широко употребувани што со право може да се рече дека го држат приматот на пазарот во својата класа, како прашокот за перење Ariel, хигиенските влошки Always, пелените Pampers, омекнувачот за алишта Lenor, шампонот за коса Head & Shoulders, бричевите Gillette и други.

Палетата производи на Procter & Gamble ги вклучува и батериите Duracell, производите за нега на коса Pantene, течниот детергент за миење садови, сапун и детергент за перење алишта Fairy, козметичката линија Max Factor, производите за нега на коса Wash & Go и уште многу други.

bilde

Денес компанијата брои околу 135.000 работници во 80 земји низ целиот свет, вреди приближно 140 милијарди долари, а на чело на P&G, односно претседател и извршен директор е Ален Г. Лафли.