Компанијата Aviofan ја плати откупната цена за словенскиот аеродром Марибор од 630 илјади евра, што заедно со претходно исплатената гаранција од 70 илјади ја заокружи вкупната цена.
Директорот и сопственикот на Aviofan Дамјан Цехнер изјави дека парите ги обезбедил во соработка со странска банка, а не со стратешкиот партнер, бидејќи поради истекот на рокот за откупување на аеродромот, не сакал дополнителни компликации.
Од компанијата очекуваат дека партнерите и другите потенцијални инвеститори ќе се вклучат во понатамошниот развој на аеродромот.
Борис Кастивник, стечајниот управник на претпријатието Prevent Global, во мај потпиша договор за продажба на аеродромот Марибор со компанијата Aviofan во местото Либеличе на северот на Словенија. Тој потврди дека парите се уплатени пред три дена, на 15 август, односно еден ден пред истекот на рокот.
Како што наведуваат словенските медиуми, компанијата Aviofan понудила највисока цена за откуп помеѓу останатите четири неообрзувачки понуди добиени на крајот на јануари 2013.