Продаден најскапиот автомобил во светот: Мерцедес инкасира 135 милиони евра

120

Германската компанија Mercedes-Benz за CNN потврди дека неодамна од музејската колекција во Германија е продаден редок автомобил, модел Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupe од 1955 година за 135 милиони евра.

Со оваа цена, автомобилот стана најскапиот некогаш продаден во светот, според Hagerty, компанија која ја следи вредноста на колекционерските автомобили. Парите од продажбата ќе бидат искористени за основање светска фондација за стипендии, објавија од компанијата.

Претходната највисока цена за продажба на автомобил беше 70 милиони долари, исплатени во 2018 година за Ferrari 250 GTO од 1963 година.

Колекционерскиот автомобил е продаден на приватна аукција, продадениот примерок е еден од двата прототипи на 300 SLR Uhlenhaut Coupe.