Продадена мрежата на Хипо Алпе Адриа на Балканот

40

hipo alpe adria

Мрежата на Хипо Алпе Адриа банка на Балканот е продадена на конзорциум што го сочинуваат американскиот фонд Адвент и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), пренесува Танјуг.

Работната група, што била воспоставена од австриската влада, имала задача да ги анализира понудите од заинтересираните страни.

Цената е 200 милиони евра, од кои 50 милиони ќе мора веднаш да се уплатат.

Доколку Европската комисија и надлежната надзорна комисија во Австрија ја одобрат одлуката, се очекува продажбата да биде заклучена до вториот квартал од следната година.