Продадена најскапата куќа во 2022 година

66

Нова куќа во Хонг Конг е продадена за 870 милиони хонгконгшки долари, што е околу 111 милиони американски долари. Ова е највисоката цена за куќа оваа година, пренесува Bloomberg.

Emperor International Holdings Ltd, CC Land Holdings Ltd, Mingfa Group International Co. и CSI Properties Ltd.  ја продадоа куќата со шест спални соби преку аукција одржана во неделата, се вели во соопштението на компаниите.

Купувачот не е идентификуван, пренесува Индекс хр.

Куќата се простира на 746 метри квадратни и има сопствена градина, базен и паркинг. Се наоѓа во ридот Шусон, една од најексклузивните населби во градот.

Продажбата на луксузни куќи во високите населби во Хонг Конг падна за речиси 60 отсто во првата половина од оваа година во споредба со 2021 година. Мерките воведени за време на најлошата епидемија на коронавирус и недостатокот на капитал го попречија пазарот, велат експертите.

Фото: YouTube printscreen