Продадоа помалку автомобили отколку пред пандемијата, но заработија повеќе пари

94

Во 2021 година, автомобилската индустрија се соочи со огромни предизвици што доведоа до невидени финансиски резултати за повеќето производители од Европа, САД, Јапонија и Јужна Кореја.

Сепак, деталното истражување на финансиските извештаи на 19 производители ширум светот покажа изненадувачки заклучок. Имено, продадени се помалку автомобили отколку пред пандемијата на коронавирус, но профитот сепак расте.

Според финансиските извештаи од Aston Martin, BMW Group, Daimler, Ferrari, Ford, Geely Group, General Motors, Honda, Hyundai Motor Group, Isuzu, Mazda, Renault-Nissan, Stellantis, Subaru, Suzuki, Tata Group, Tesla, Toyota, и Volkswagen приходите  беа 1,89 трилиони долари.

Станува збор за зголемување од 13 отсто во однос на 2020 година, но намалување за 6 отсто во однос на 2019 година. Сепак, интересно е што вкупниот број продадени автомобили не ја следел истата шема.

Заедно, овие компании продале 69,54 милиони возила во 2021 година, што е за 2 отсто повеќе од 2020 година и за 14 отсто помалку од 2019 година.

Тоа значи дека производителите на автомобили имаат зголемени цени, или намалени попусти. Бизарниот тренд на продадени единици во однос на профитот делумно се објаснува со недостигот на нови автомобили на располагање поради недостаток на чипови. Помалку достапни автомобили, во комбинација со поголема побарувачка доведоа до повисоки цени.

Меѓу 19 производители, Ferrari се покажа како убедливо најпрофитабилен производител на автомобили.

„Нејзината оперативна маржа се зголеми од 21,4 проценти во 2020 година на 25,5 проценти минатата година“, наведува Motor1.