Продавачки “финти“ од 90-тите кои и денес важат

1603

Првиот човек на Brainz TV (канал за генијални умови на Србија и нивните достигнувања), долгогодишниот српски претприемач Живојин Петровиќ, сподели на неговата Фејсбук страна како во деведесеттите години на минатиот век успевал да ја зголеми продажбата.

Наведува дека можеби во најтешкиот период, односно економска ситуација со санкции, блокади, хиперинфлација, ембарго, морал да осмисли разни начини за неговото претпријатие Рrocessor Commerce успеало да се задржи на тронот.

Трговските “финти“ кои ги смислил ги сумира во следниве лекции:

Лекција 1. Продавав техника, ставам попуст 15%, слабо се продава. Тогаш со рака ќе го удрам уредот (мала длабнатинка) и ќе напишам 15% и оди како алва.

Лекција 2. На уредите кои никој не ги купуваше ќе напишам: продадено, резервирано или капарисано и одма сите бараат ист таков. Цената не е важна.

Лекција 3. На уред којшто долго време не се продава, ќе напишам: Внимание не е за продажба и веднаш сите го сакаат тој уред, тогаш се јавувам во магацин, како преку врски…

Лекција 4.  На уредите коишто слабо се продаваа ќе им ја тргнев цената и веднаш сите се распрашуваат и тогаш почнува приказната…

Лекција 5. Купувачите секогаш ми бараа ново. Ок, ако веќе немам ново, секојдневно ги преместував уредите и ете ново.

Лекција 6. На сите телевизори во продавницата ќе им пуштам иста програма, само на тој што најслабо се продава ќе пуштам фудбал.

Лекција 7. Ако го немам уредот што ми го бара купувачот, од истиот веднаш набавувам и му го носам дома.

Лекција 8. Секогаш водев сметка во продавницата да имам подеднакво интересна стока и за мажи и за жени. Во спротивно купувањето трае кратко.

Лекција 9. Продавачот мора да биде љубезен и многу, многу внимателен.

Фото: Pixabay