Продавница само за пензионери

67

Во градот Требиње, Босна и Херцеговина, до крајот на септември ќе биде отворена продавница за пензионери со економски цени, а ќе бидат одобрувани и посебни попусти за оние пензионери со пониски примања, пишува Независне новине.

Од градскиот буџет, како што најави градоначалникот на Требиње, Мирко Чуриќ, за овој вид субвенции ќе бидат одвоени околу 250.000 евра.

“Ова ќе биде најповолна продавница во градот, во којашто пензионерите со примања до 100 евра ќе имаат попуст од 50% на годишно ниво, што ќе изнесува околу 125 евра, додека оние пензионери со пензии до 150 евра ќе имаат попуст од 30%, а оние кои добиваат до 200 евра, што е републички просек, ќе добијат попуст од 25%“, вели Чуриќ.

Ова е единствен проект во регионот и треба да биде позитивен пример и за другите, но и проект што ќе им го олесни животот на околу 7.800 пензионери кои живеат во Требиње.

Фото: Pexels