Продавниците во Хрватска да работат најдоцна до 21 часот

32

Министерството за економија и одржлив развој на Хрватска на јавна расправа ги испратија измените на Законот за трговија, со коишто, меѓу останатото, се регулира и работното време на продавници од понеделник до сабота од шест до 21 часот, а по правило продавниците би биле затворени во недела и за празници, додека трговците би можеле да изберат 16 недели во текот на годината кога би работеле.

Сите заинтересирани, како што пренесува агенцијата Хина, своите предлози и мислења можат да ги дадат до први август, а самиот законските текст предвидува со нивна примена да се почне на почетокот на 2022-ра година.

Според важечките законски одредби, трговецот самостојно го одредува работното време, земајќи ги предвид потребите на купувачите, бројот на вработени и почитување на нивните права.

Со измените, работното време ќе биде регулирано со почеток најрано од шест часот наутро до најдоцна 21 часот навечер.

Фото: Pexels